Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВтор ден тетовската вода е неисправна за пиење

Втор ден тетовската вода е неисправна за пиење

Водата од тетовскиот градски водовод втор ден е неисправна за пиење. Последните направени мерења покажале заматување, поголемо од дозволените граници.

Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека на едно мерно место заматеноста изнесува 1,6, а дозволено е 1,5 единици на заматеност, па затоа не ја препорачуваат за пиење.

– Се врши редовна дезинсекција на водата каде има присуство на хлор во доволни количини, и тоа ни дава за право да се надеваме дека конечните резултати ќе покажат дека водата е чиста – изјави д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија вработен во Центарот за јавно здравје Тетово

Од таму велат дека заматеноста на водата е резултат на градежни работи, кои се изведуваат на туристичкиот центар Попова Шапка, каде се наоѓа еден од изворите од кои Тетово се снабдува со вода за пиење.

Моментално во центарот се запрени градежните активности, се до нормализирање на состојбата со водата за пиење.

META