Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВрховниот суд ќе одлучува по жалбите за „Тврдина“ и „Таргет“

Врховниот суд ќе одлучува по жалбите за „Тврдина“ и „Таргет“

Најверојатно утре Врховниот суд на седница ќе ги разгледува жалбите за притвор кои ги поднесоа одбраната на обвинетите и Специјалното бовинителство за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, јавува телевизијата „Алсат-М“

Претходно Апелацискиот суд ја преиначи одлуката на Кривичен и им одреди мерка притвор на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, екс-шефот на кабинет на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски.

Апелацискиот суд пресуди различно од скопска единица која одлучи само да им ги одземе пасошите. Инаку експертската јавност е поделена по прашањето дали жалбите до највисокиот суд треба да го одложуваат притворот.