Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВременска прогноза: Нѐ очекува дождлив петок

Временска прогноза: Нѐ очекува дождлив петок

Денеска времето ќе биде променливо и умерено облачно, каде што во попладневните и вечерните часови се очекуваат обилни врнежи, особено во јужниот предел од земјата.

Максималната температура ќе се движи од 27 до 30 степени Целзиусови долж Повардарието, а во југозападниот регион ќе биде за нијанса посвежо со температура до 25-от степен.

Во главниот град се очекува претежно сончево претпладне и повремени врнежи во попладневните часови. Максималната температура ќе се движи до 27°С.