Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВознемирувачко видео: Муслиманка прегазена на анти-мигрантски протест

Вознемирувачко видео: Муслиманка прегазена на анти-мигрантски протест

Млада жена за која се верува дека е од муслиманска вероисповед е прегазена на анти-мигрантски протест кој се одржа во Брисел, во критичното предградие Молебенк, а го предводеше ултра-десничарска група на демонстранти. Возачот најпрво ги пробил полициските барикади, а потоа ја покосил жената која за среќа поминала само со потешки повреди на телото и главата. Полицијата го привела возачот и неговиот сопатник, а и двајцата поседувале димни бомби и имале намера да предизвикаат голем инцидент со населениото кое има исламска вероисповест.