Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Индија автобус паднал во клисура, 25 загинати

Во Индија автобус паднал во клисура, 25 загинати

Најмалку 25 лица загинаа кога автобус се лизнал од планински пат и паднал во клисура на североистокот од Индија, соопшти локалната полиција.

Во несреќата која се случила доцна синоќа, повредени се и 10 лица, потврди полицаецот Раџив Мехта.

Тој истакна дека врнел силен дожд и дека видливоста била намалена кога автобусот излетал од патот во близина на градот Сонапур, во државата Мегхалаја.

Локалните жители и полицијата во текот на ноќта се обидувале да се спуштат во клисурата и да ги извлечат повредените од автобусот.

Извор: META