Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо Гевгелија отворен новиот прифатен пункт за мигранти

Во Гевгелија отворен новиот прифатен пункт за мигранти

Во Гевгелија од денеска официјално профункционира новиот прифатен пункт за бегалци од каде што вчера во попладневните часови пробно кон северната граница заминаа два воза со мигранти. Во рамки на кампот почна и електронската евиденција на мигрантите кои пристигнуваат од Грција, пренесе МИА.

– Бегалците повеќе не мора да доаѓаат во Гевгелија. Тоа беше и наша цел, да им овозможиме похуман и поорганизиран третман, а истовремено просторот околу транспортниот центар да се врати во нормала за да можат граѓаните слободно да се движат и непречено да ги користат услугите. Со ова го остваривме најзначајното барање на општина Гевгелија за справување со бегалската криза, изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

Од страна на УНХЦР, Црвениот крст и некои невладини организации, на просторот на прифатниот камп веќе се подигнати шатори. Кампот наскоро ќе раполага со тоалети и тушеви со што на бегалците кои пристигнуваат од меѓуграничниот простор ќе им биде овозможено да се одморат и освежат до регистрацијата и качување во возот со кој ќе заминат за Табановце.

Просторот денеска се оградува, а истовремено се работи на санација на мостот на Сува Река и на проширување на пристапниот пат до кампот.