Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Белгија, Франција и Шпанија се задржани осомничени соработници на напаѓачите од Париз

Во Белгија, Франција и Шпанија се задржани осомничени соработници на напаѓачите од Париз

Властите во Белгија, Франција и Шпанија во текот на последните денови задржале 13 осомничени соработници во нападите во Париз и Брисел во 2015 година.

Во Белгија и Франција се задржани 10 лица, за кои постои сомнение дека се поврзани со обезбедувањето на оружјето, што го искористи Амеди Кулибали пред две години за извршување на нападот врз продавница за еврејска храна во Париз.

Кратко по нападот на Кулибали француските медиуми јавија дека тој го набавил оружјето во Брисел.

Во Шпанија вчера биле задржани три лица, за кои се тврди дека биле соработници при нападите во Брисел во март минатата година.

Се посочува дека, тие веројатно го набљудувале аеродромот и метрото во Брисел. Тројцата го напуштиле градот еден ден пред нападот на 22 март.

Во заедничка акција на властите од Белгија, Шпанија и Мароко, уапсени се и тројца Мароканци.

Тројцата биле пријатели на братот на едниот од главните организатори на нападите во Брисел.

Еден од задржаните е брат на Ибрахим и Халид Макрауи, кои извршија самоубиствен бомбашки напад во метрото во Брисел.