Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВнимавајте на патиштата, можни се одрони

Внимавајте на патиштата, можни се одрони

Засилените врнежи од дожд ги менуваат условите за возење, па затоа треба многу да се внимава на сообраќајот низ Македонија кој според АМСМ на сите државни патишта во се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.