Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ со 10 пратенички групи ќе го опструира Собранието

ВМРО-ДПМНЕ со 10 пратенички групи ќе го опструира Собранието

ВМРО-ДПМНЕ поднело допис до претседателот на Собранието Талат Џафери за формирање 10 пратенички групи. Девет од групите ќе имаат по пет, а една ќе има шест члена.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ова е со цел да се искористи деловничкото право за поголемо учество во дискусиите.

Деловникот предвидува координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.