Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Чичаковски поради изборен фалсификат

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Чичаковски поради изборен фалсификат

СДС создава заробена држава каде стравот е главната алатка на владеење. Сосема е јасно зошто криминалци како Красниќи беа ослободувани пред изборите. Игнорирањето на извештајот на ОБСЕ од страна на владата каде се констатира постоење на таканаречен бугарски воз за време на изборите е потврда дека изборите беа криминални, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата се повикува на извештајот на ОБСЕ, кој според нив ги потврдил сомневањата на партијата за постоење на изборен инженеринг преку таканаречениот метод на бугарски воз. „Од вкупно 3.000 илјади избирачки места на ниво на цела Македонија, со основано сомневање спорни се резултатите од 922 избирачки места. Тоа значи дека во 1 третина од избирачките места СДС се потпрело на изборен фалсификат за да дојде до победа“, е ставот на партијата.

„Дополнително имаше масовен поткуп и притисоци кои се вршеше врз граѓаните за својот глас да не го дадат за ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата на Спасовски беше во огромно присуство на сите избирачки места и во целиот тек на кампањата наместо да ги разреши нерегуларностите, таа беше директен учесник во поткупот и притисоците кои ги правеа активисти на СДС. Неретки беа случаите каде избирачки ливчиња од едно избирачко место беа пронаоѓани во друго, избирачки ливчиња во Кисела Вода беа наоѓани од Карпош, од Карпош во Кавадарци, од Кавадарци во Битола, од Битола во Велес, а беа прогласувани како важечки“, се додава во соопштението.

„Државната изборна комисија и владата на СДС спроведе катастрофални криминални избори, се со цел да го порази ВМРО-ДПМНЕ преку масовен изборен фалсификат. За сево ова најодговорен Чичаковски и токму поради тоа од него бараме итна и неотповиклива оставка. Доколку 1 третина од избирачките места во Македонија беа таргет на изборен фалсификат спроведен од СДС, Македонија го имаше најкатастрофалниот изборен циклус во својата историја, кој ја укина демократијата во Македонија и го врати политичкиот процес во мрачните деведесеттите“, се додава во соопштението.