Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата воведе „клизно“ работно време за администрацијата

Владата воведе „клизно“ работно време за администрацијата

Флексибилно работно време ќе имаат вработените во државната администрација, одлучи Владата на денешната седница.
Новото работно време ќе започнува меѓу 7.30 и 8.30 часот, а ќе завршува во 15.30, односно 16.30 часот.

Измени во работното време има и за вработените во управните сектори, кои вршат услуги за граѓаните. Ти ќе работат во две смени – од 7.30 до 14.30 часот, прва смена и втора смена од 14.30 до 21.30 часот. За нив работна ќе биде и секоја прва сабота во месецот.