Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВладата презема мерки за поевтинување на струјата

Владата презема мерки за поевтинување на струјата

На својата 16. седница, Владата вчера усвоила информација во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата, што беше едно од предизборните ветувања на СДСМ.

Следниот чекор ќе биде подготвување владина препорака до Регулаторната комисија за енергетика веднаш да одржи работен состанок со претставници на „ЕВН Македонија“ – АД Скопје, Министерството за економија и на кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната евтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата и за измена на тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и на мали потрошувачи.

„Владата на РМ е убедена дека со оваа одлука ќе се направи голем чекор кон подобрување на економската состојба на граѓаните на Република Македонија, а истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија“, се вели во владиното соопштение.