Sunday, Aug 20, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаВладата донесе одлука за авансно исплаќање за штетите од поплавите

Владата донесе одлука за авансно исплаќање за штетите од поплавите

poplava cento

Владата на вчерашната седница донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско, информира премиерот Емил Димитриев при денешната посета на поплавените куќи во општина Илинден.

За таа цел ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра. Тимовите за проценка се на терен и работат на утврдување на настанатата штета, рече Димитриев.

Граѓаните од Илинден побараа да се донесат пумпи за испумпување на водата. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот на Илинден Жика Стојановски го придржуваше премиерот Димитриев, рече дека за два часа ќе пристигнат 20 пумпи.