Friday, May 3, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманВкусни рецепти за сладоледи со алкохол

Вкусни рецепти за сладоледи со алкохол

Претворете го вашиот омилен сладолед во вистинско алкохолно уживање, идеална комбинација за летните топло денови. Ви предлагаме да пробате некој од овие рецепти.

КРЕМАСТ СЛАДОЛЕД СО БЕЈЛИС
Состојки:
*100 мл млеко
*100 мл павлака за кафе
*45мл Бејлис
*2 лажици какао
*25 грама шеќер
*200 мл слатка павлака
*1 белка
*1 лажица шеќер во прав

Подготовка:
Загрејте ги млекото, павлаката за кафе и Бејлисот на тивок оган. Кога ќе почне да врие додадете го и какаото. Потоа оставете ја смесата да се олади.
Во оладената смеса измешајте го шлагот и шеќерот и вратете го во фрижидер околу еден час. На крај додадете ги изматените белки.
Послужете со парчиња чоколадо и неколку капки Бејлис. Како алтернатива можете да користите и некој друг ликер, на пример од кокос.

СЛАДОЛЕД ПИНА КОЛАДА
Состојки:
*40 гр шеќер
*40 мл вода
*1 голем ананас
*200 мл млеко од кокос (може и од конзерва)
*150 гр слатка павлака
*50 мл ликер од кокос
*сок од половина лимета

Подготовка:
На тивок оган сварете ја водата со шеќeрот (околу 3 минути ) за да добиете шеќерен сируп и оставете го да се лади. Додека сирупот се лади, исечете го ананасот на коцки и ставете го во блендер за да добиете сок или густо пире.
Потоа додадете го сирупот, млекото од кокос и павлаката. Добро измешајте и додадете го ликерот од кокос и сокот од лимета. Оставете го да се лади и послужете го со парчиња ананас.

СЛАДОЛЕД ОД КАЈСИИ И АМАРЕТО
Состојки:
*половина конзерва кајсии
*100 мл обичен јогурт или јогурт од кајсии
*150 мл слатка павлака
* 3 лажици Амарето
* 1 лажица сок од лимон

Подготовка:
Испасирајте ги кајсиите и помешајте ги со останатите состојки. Оставете да се олади.
Предлог плус: Наместо кајсии можете по желба да користите и јагоди.