Friday, May 3, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКинезите заработуваат на гестот на рускиот претседател

Кинезите заработуваат на гестот на рускиот претседател

На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија од Кина на која се гледа комбе со реклама за сладолед на која е претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Сладолед кој го донесе Путин“. Досетливите Кинези веднаш почнаа да прават бизнис по Самитот на Г-20, напиша на Твитер новинарот на „Комсомољска правда“,Дмитриј Смирнов.

Во рамките на Самитот Г-20, Владимир Путин на претседателот на Кина, Си Џинпинг му подари кутија со руски сладоле. На почетокот на билатералната средба претседателот на Русија истакна дека кинеските бизнисмени во текот на состанокот во Владивосток рекле дека во Кина многу сакаат руски сладолед.

– Јас ви ветив дека ќе ви го донесам. На подарок ви донесов цела кутија сладолед, изјави рускиот лидер.

Си Џинпинг се заблагодари на Путин и ги потврди зборовите на бизнисменот за љубовта кон сладоледот од Русија.

– Многу ви благодарам за подарокот, за вкусниот сладолед. При секоја моја посета на Русија секогаш барам да ми купат руски сладолед. Потоа дома јадеме сладолед. Вие имате поубав крем и затоа сладоледот е посебно вкусен. Мене многу ми се допаѓа. Ви благодарам на оваа љубезност, рече Џинпинг.