Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнВикторија Лоба со сензуална фото-сесија за Сара Фешн

Викторија Лоба со сензуална фото-сесија за Сара Фешн

Сензуално и комфорно, заводливо и возбудливо, со овие зборови се опишува новата колекција на Сара Фешн за долна облека и пижами за престојната есен/зима, 2017-2018 година.

viktorija loba sara2

Познатата пејачка Викторија Лоба како заштитно лице за 2017 година на Сара Фешн, позираше пред објективот на фотографот за новата колекција. Токму таа го презентира памучниот програм на маици, килоти и пижами, како и сензуални парчиња на градници и килоти кои веќе се во продажба.

viktorija loba sara3

„Нашата нова колекција е наменета за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се чувствуваат модерно, секси и пријатно во секој дел од денот. Памучниот состав на долната облека и пижами е во комбинација со различните модели и модерни дезени. Провокативната долната облека е претставена во неколку бои и дезени, вклучувајќи ги класичните црно-бели тонови, но и во јаки црвени нијанси, како и во женствената боја на вишна“ велат од Сара Фешн.

viktorija loba sara4

Компанијата има специјализирани 60 продавници низ цела Македонија, кои на своите потрошувачи им нудат широк асортиман на долна облека, пижами, костими за капење, хулахопки, чорапи и модни детали. Ексклузивни застапници се на повеќе светски признат брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.