Thursday, Apr 19, 2018
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Викторија Лоба ја сними баладата Херој во еден здив

Видео: Викторија Лоба ја сними баладата Херој во еден здив

Viktorija Loba - Heroj

Баладата Херој е новата песна на Викторија Лоба за која се промовираше видео запис на нејзиниот YouTube канал. Нумерата е во етно стил, комплетно напишана и продуцирана од композиторот Роберт Билбилов.

„Херој е песна која буди многу емоции, посветена на мој многу драг пријател и за сите вас кои имате свој херој во животот. Роберт Билбилов ја напиша и продуцираше во истиот ден а јас ја испев во еден здив. Би сакала токму оваа балада да остави белег кај љубителите на македонската музика. Ова е нешто ново и различно од мојата музичка палета која ќе биде дел од новиот албум.“ вели Викторија Лоба.

Видео записот е сниман на убавините на плананита Водно, снимен од страна на Дарко Митев и продуциран од Даниел Јовески.

„Спотот го снимавме на најладниот ден во Скопје, навистина се заблагодарувам на целата екипа што на -10 целзиусови степени даде се од себе да направиме светско видео. Сигурна сум дека видеото ќе ви ги разбуди вашите емоции и ќе уживате во снежните пејсажи на скопско Водно“ додаде Лоба.

Песната е планирана да се препее и на англиски јазик, како и да се промовира на европските пазари.