Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнУникатен Паоло Бочели едиторијал пролет/лето 2018 “Blossom in my heart”

Уникатен Паоло Бочели едиторијал пролет/лето 2018 “Blossom in my heart”

Уште една поинаква приказна е раскажана преку најновиот моден едиторијал на брендот за чевли Паоло Бочели како најава за најновата колекција пролет/лето 2018. Главна инспирација на брендот се хартијата и цветовите кои поетски ја промовира естетиката и стилот. Уникатниот начин е нивен белег за секоја сезона за да се презентираат чевлите директно на љубителите на модата.

paolo boceli1

Оваа година од Паоло Бочели одлучија останатиот дел од колекцијата да биде промовирана преку успешни и реализирани дами во нивните професии модниот дизајнер Ивана Кнез и спортистката Едина Муса. Токму преку нив ги нагласуваат убавината, како и улогата, придонесот и влијанието на успешните жени во нашето општество. Комплетниот едиторијал во Aприл ќе биде директно презенитиран на потрошувачите.

paolo boceli2

Во улога на модел на фотографиите е Бојана Нушкова, фотографирано од окото на Sam Witwicky, во реализирација и организација на креативниот директор Јелмаз Дервиши.

paolo boceli3

Бочели најавува дека наскоро ќе има големо отворање на уште една модна продавница во центарот на Скопје каде може да се најдат разни уникатни женски и машки чевли за секоја пригода.