Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Знамето на НАТО гореше во Црна Гора

Видео: Знамето на НАТО гореше во Црна Гора

Знамето на НАТО гореше во Црна Гора. Непознати сторители синоќа го запалиле знамето на НАТО поставено на влезот во Цетиње, јави радио телевизија Црна Гора. Тоа беше поставено покрај црногорското и знамето на Европска унија.

Претседателот на Движењето за неутралност, Марко Милачиќ, на „Фејсбук“ напиша дека во Цетиње повеќе не се вее знамето на НАТО, а на „Јутјуб“ објави и видео-снимка на која се гледа како гори знамето на Северноатлантската алијанса.

– По невидената демонстрација на уривање и газење по традицијата на Црна Гора, властите во Цетиње, по повод добивањето покана за членство во НАТО, го симнаа знамето со крстот (црногорско знаме од 18 век) и поставија знаме на НАТО, слободните граѓани ја зедоа работата во свои раце. Знамето на НАТО од синоќа го нема, пишува Милачиќ на „Фејсбук“.