Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Заложничка драма во Брисел

Видео: Заложничка драма во Брисел

Во центарот на Брисел тече заложничка драма, пренесуваат светските медиуми. Вооружен маж во сопствениот стан ги држи како заложници својата жена жена и дете, а околу куќата во предградието Иксел се наоѓаат специјалците.
Во моментов се водат преговори и се надеваат дека ќе ги ослободат заложниците без директен напад.

Соседите велат дека тероризирал и порано. “Ние го знаеме овој тип. Него еднаш веќе го уапсија на 9 јули, кога крена скандал со жена си и најави дека е вооружен и ја зеде за заложник. Сè беше исто како сега – поминавме на улицата пет часа, додека полицијата не го смири. Не можам да верувам дека толку бргу повторно излегол на слобода”, вели Паскал Л., кој живее во соседна зграда. Полицијата ги изведе сите наоколу од безбедносни причини и не им дозволува да се вратат во своите домови.

Според зборовите на соседите киднаперот има 37 години и е поранешно воено лице. Со жена му имаат ќерка која има една година, која во моментов се наоѓа во опколениот стан. ТАСС потсетува како белгиските медиуми на 9 јули на “важна криза со заложници”, кога мажот се наоѓал во алкохолно дејство и ги држел во текот на неколку часа својата жена и детето, заканувајќи се со сигнален пиштол. Конечно сам и се предал на полицијата. Отслужуваше во притвор сепак само неколку часа и бил ослободен уште следниот ден, бидејќи жена му одбила да подигне обвинение.