Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Турскиот град Силван разрушен – војна како во Сирија

Видео: Турскиот град Силван разрушен – војна како во Сирија

Турција води жестоки борби против Курдите, а некои градови ја доживуваат судбината на Сирија. Во градот Силван уништени се цели квартови, гинат цивили, а градот е отсечен од светот.

Во овој курдски град, турската војска започна операција на 3-ти ноември. Одредени градски квартови како што се Текел, Месчит и Конак, целосно се уништени, а гинат и цивили. Во градот владее глад откако започнаа турските воени операции против курдските бунтивници – ПКК.

„Сведоци тврдат дека турските безбедносни сили отвораат оган врз цивили. Градот е комуникациски отсечен, постои ризик од глад. Турската војска не ни дозволува да внесеме храна во градот“, изјави Омер Онен од про-курдската партија ХДП. Друг пратеник на ХДП, Зија Пир тврди дека висок турски функционер од тамошното министерство за внатрешни работи му рекол дека турските сили ќе ги избришат од мапата тие градски квартови.

Денеска, двајца припадници на турските безбедносни сили се убиени, а тројца се повредени. Турските војници вчера убиле еден курдски бунтовник, кој учествувал во напад врз полициски автомобил, во кој загинаа тројца полицајци. Во трите реони на градот Силван веќе девет дена во сила е полициски час и безбедносните сили извршуваат антитерористички операции против ПКК.

Во меѓувреме, полицијата во округот Сирт открила големо количество на оружје и муниција кои им припаѓале на ПКК, а биле скриени во една градина.