Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Тајниот дел на Мека кој не го гледаат милиони муслимани

Видео: Тајниот дел на Мека кој не го гледаат милиони муслимани

Светиот аџилак во Мека и оваа година ќе привлече милини муслимани од целиот свет. Тие ќе се доближат до Бога и неговата симболична куќа Каба. Аџилакот според верските правила и традиции е задолжителен за секој физички способен муслиман и Мека треба да се посети барем еднаш во животот. Тука се постигнува и физички допир со верата откако ќе се направи круг околу Каба, да дојдат до златните порти на рајот и да се помолат.

Гардијан сними краток документарен филм со саудискиот уметник и фотограм Ахмет Матер кој открива една скриена страна на градот Мека која аџиите ретко ја гледаат.

Големиот број на верници оваа година ќе се надеваат дека ќе бидат безбедни, особено што меѓу Саудиска Арабија и Иран се разгореа страстите и се разменија меѓусебни обвинувања за тоа кој е вистински следбеник на исламот, па има огромно присуство на безбедносни сили.