Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМуслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Празникот се слави три дена и за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако тоа некој не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.