Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп бара профилирање на муслиманите во САД

Трамп бара профилирање на муслиманите во САД

Кандидатот на Републиканската партија за американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД би требало „сериозно“ да ја рагледаат можноста за „профилирање на муслиманите“ во земјата, како средство за борба против тероризмот.

Трамп истакна дека американската влада би требало да спроведе истрага во џамиите во САД на истиот начин на кој тоа го правеше единица на њујоршката полиција, која ги шпионираше муслиманите и џамиите во градот со помош на ЦИА. Врз основа на тоа, како што нагласи, њујоршката полиција дојде до информации за тоа каде живеат муслиманите, каде пазаруваат, работат и се молат.

– Навистина треба да се разгледа профилирањето. Тоа не е најлошата работа која може да се направи – потенцира Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес.

Претседателскиот кандидат на републиканците додаде дека го мрази концептот на профилирање, но дека, како што наведе, САД „мора да го користат здравиот разум“.

Профилирањето, како што оцени, е прашање на употреба на „здравиот разум“ над „политичката коректност“.