Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Се запали „југо“ кај Железничка

Видео: Се запали „југо“ кај Железничка

„Возев, изгаси и наеднаш почна да чади“ – вака накратко на противпожарната служба им одговори сопственикот на опожарениот автомобил „Југо“ модел „темпо 1.1“. Не одговори на нашето прашање од која година е автомобилот, бидејќи како што рече, дека не занел и оти сега го купил, а планирал да го менува.

„Наеднаш почна да гори, иако редовно го одржував автомобилот. Имам противпожарен апарат, но остана во другиот автомобил“, изјави накратко сопственикот за „Позитив“.

Возачите коишто се наидоа на самото место помогнаа со противпожарни апарати за да ја ублажат огнената стихија. Граѓаните пак во паника од чадот трчајќи велеа „бегајте додека не експлодира“.

Брзо реагираше и противпожарната служба. Но, да не беа љубопитните возачи коишто помогнаа, на автомобилот му се закануваше експлозија.

Автор: Игор Стефановски

Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница