Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника„Југо“ се запали додека го туркале

„Југо“ се запали додека го туркале

Возило „југо“ со кумановски таблички се запалило кога сопственикот се обидел да го стартува со туркање во подземните гаражи кај очната клиника „Санте плус“ во Скопје.

Возилото било сопственост на 37-годишниот С.В. од Скопје, а било опожарено околу 10 часот.

С.В. заедно со сопругата се јавиле на лекарски преглед во Клиниката за токсикологија, бидејќи при обидот да го изгаснат пожарот вдишиле поголема количина чад.

Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.