Friday, May 3, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Продавачите на сладолед во Јапонија им се извинија на децата поради поскапувањето

Видео: Продавачите на сладолед во Јапонија им се извинија на децата поради поскапувањето

Прв пат после 25 години, една компанија во Јапонија ја зголеми цената на сладолед на стапче за девет центи. И ова не е крај на приказната, поради ова поскапување на цените, вработените на оваа компанија синимиле спот во кој им се извинуваат на децата поради оваа постапка. Компанијата „Акаги Нјугјо“ се одлучила на овој чекор после долго размислување, но дури и после одлуката за покачување на цената на сладоледите, управата и вработените одлучиле дека мораат да им се извинат на своите најверни потрошувачи-децата.

Во едноминутната снимка, околу стотина вработени лица од оваа компанија стојат мирно додека во позадина се слуша песната „Наеге“, од Ватар Такад. „Наеге“ во превод значи извинување, а зборовите во оваа песна укажуваат на тоа дека тие не сакале да ги покачат цените на сладоледите, но дека биле принудени тоа да го направат поради поскапувањето на состојките потребни за сладолед и работничката плата.