Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманија: Меркел не се извинила, Иванов лаже!

Германија: Меркел не се извинила, Иванов лаже!

Портпаролот на германската влада за САКАМДАКАЖАМ.МК во писмена изјава потврди дека немало никакво извинување од германската канцеларка Ангела Меркел до претседателот Ѓорге Иванов во врска со обвинувањето што тој го упати кон германската амбасадорка во Скопје.

На барањето на САКАМДАКАЖАМ.МК за појаснување на вчерашната изјава на Иванов во која тој ја обвини германската амбасадорка во Скопје дека ширела лажни вести и дека германската канцеларка му се извинила за тоа, од службата за информирање на германската влада ја добивме следната писмена изјава:

„Како потпарол на владата, можам да ви кажам дека федералната канцеларка нема дадено каква било изјава во контекстот што го споменувате. Во однос на забелешките направени од германската амбасадорка во Скопје, ве молиме обратете се кај министерството за надворешни работи за повеќе информации“.

Претходно денеска, Германското министерство за надворешни работи соопшти дека обвинувањата на претседателот Ѓорге Иванов упатени кон германски дипломати се неумесни.
„Се радуваме што претседателот Иванов по долго размислување дојде до вистинска одлука и се откажа од ставот на блокирање. Обвинувањата упатени кон германски дипломати и други пријателски држави се неумесни. Како што е познато, проценките кои ѝ се пренесуваат на земјата-домаќин, секогаш се договараат во тесна координација меѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадата“, се вели во одговорот на германското министерство за надворешни работи.