Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Пожар го пеплоса најголемиот трговски центар во Мостар

Видео: Пожар го пеплоса најголемиот трговски центар во Мостар

Трговскиот центар „Бинго“ во босанскиот град Мостар, со површина од околу 3.000 метри квадратни, ноќеска изгоре до темел. Според првите проценки штетите се неколку милиони евра. Босанската полиција соопшти дека нема жртви, бидејќи сите лица кои се наоѓале во зградата се евакуирани навреме.

Пожарот избувнал синоќа околу 20 часот, по локално време, во складишните простоии и потоа се проширил во целата зграда. Градоначалникот на Мостар, Љубо Бешич изјави дека сопствениците, како и целиот град ќе претрпат штета од оваа несреќа. Трговскиот центар „Бинго“ е отворен во 2011 година и во него се инвестирани околу шест милиони евра.