Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Полн камион мигранти откриен кај Куманово – возачот избегал

Видео: Полн камион мигранти откриен кај Куманово – возачот избегал

Околу 100 мигранти вчера биле откриени во камион на стариот пат меѓу Скопје и Куманово. Како што објави телевизијата „21ТВ“, во близина на селото Орланци нивна екипа налетала на мигранти кои биле насобрани во и околу камионот.

Кога извадиле камера да снимаат, возачот на камионот веднаш го напуштил возилото, а мигрантите останале на патот. Била повикана полиција, која, откако направила записник ги привела мигрантите, а возилото било запечатено.

Откако на границата меѓу Македонија и Грција почна да се води строга контрола за лицата на кои им се дозволува да преминат на територијата на нашата земја, повторно се појави шверцот на луѓе. Во земјава е забранет влез и транзит за таканаречените економски мигранти, а се пропуштаат само на бегалците кои доаѓаат од подрачјата зафатени со воени дејствија – Сирија, Ирак и од Авганистан.