Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВидео: Полицијата заплени цела нива марихуана во Радовиш

Видео: Полицијата заплени цела нива марихуана во Радовиш

НА 50 метри квадратни, радовишанец и турски државјанин си одгледувале марихуана. Во петокот во 17.20 часот по претходно добиени сознанија на земјениот пат кој води од с. Бучим према с. Кошево во ниско стеблеста жбунеста шума на површина од околу 50 м2, полицијата ја пронашла нивата. Нивата била оградена и заштитена со плетена метална мрежа, а одозгора била покриена со зелена мрежа за заштита против град.

Стеблата биле засадени во 16 реда од по околу 8 и 9 стебла во ред, или вкупно 147 стебла од растението, одгледувани на обработливо земјиште. Стеблата се со различна големина од 1,50 м до 2,70 м и истите биле во фаза на цветање.

Од страна на полициските службеници, за настанот е известен ОЈО во Струмица по што целиот настан е документиран со видео запис, стеблата се искорнати и донесени во ПС ОН Радовиш за понатамошно постапување.