Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Пленумци во први редови, протестот стигна пред собрание

Видео: Пленумци во први редови, протестот стигна пред собрание

Откако се собраа пред СЈО, демонстрантите тргнаа накај Собранието на Р.М. извикувајќи: „Затвор за фашистите“, „Ќе одговарате“, „Доста беше молк“, „Заедно сме посилни“. Пленумците дојдоа во први редови да бараат оставка од претседателот Иванов. Претходно денеска, тие добија поддршка и од професорскиот пленум. Граѓанските организации, исто така се присутни во предводењето на демонстрантите.
Секој ден се повеќе граѓани излегуваат да го искажат својот револт, а толпата видливо се зголемува. Останува да видиме дали тоа ќе допре до ушите на претседателот. Репортерот на Позитив.мк е на терен и ја следи состојбата, наскоро очекуваме повеќе информации.