Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Пленумци со сила потиснати од специјалците на ЕБР

Видео: Пленумци со сила потиснати од специјалците на ЕБР

Полицијата ги активираше специјалците од ЕБР за обезбедување на канцеларијата на СПУКМ откако припадниците на Студентскиот пленум пробаа да ги вратат пренесените гласачки кутии од денешните студентски избори.

Студентите беа потиснати од канцеларијата на СПУКМ, но со викотници и поплаки не сакаа да го напуштат местото, а голем дел од нив се жалеа дека се удирани од специјалците. Тие имаа намера да преноќат пред канцеларијата се додека не бидат исполнети нивните барања иако од СПУКМ триумфално најавија дека изборите биле успешни и демократски.

Демонстранциите пред СПУКМ продолжуваат, а како поддршка доаѓаат и се поголем број на повозрасни граѓани кои викаа против полицијата и жестоката реакција.

policija spukm

Студентскиот пленум упати Улатиматум до СПУКМ и досегашниот претседател Кирил Спировски да ги поништи изборите, но тој е внатре заклучен со часови со избирачкиот материјал. Доставено е и барање до ДИК да провери што се случило со избирачките кутии кои се во нивна сопственост.