Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамВидео: Одличен изум кој ќе ви го заштити автомобилот

Видео: Одличен изум кој ќе ви го заштити автомобилот

Кинезите се многу иновативни и постојано смислуваат нови практични решенија, а последново многу ќе ви се допадне.
Доколку сакате да го заштитите својот автомобил од разни надворешни услови, а немате гаража, постои начин да го решите овој проблем со решението кое доаѓа токму од Кина.

Станува збор за расклоплива монтажна гаража која завзема многу малку место, лесно се поставува на разни површини, а може да се затвора по механички или електричен пат. Слични решенија постојат веќе со години, но инжениерите во меѓувреме ја усовршија технологијата, па гаражата на видеото може да се затвора со наредба со електронски управувач, и тоа само за 10-тина секунди.

Единствена мана, како што тврдат оние кои го тестирале, е тесниот простор поради кој е прилично тешко прецизно да се паркира автомобилот, но погледнете го видеото кој следи и самите проценете дали е ова навистина совршената гаража за големите градови.