Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Најпознатиот германски рапер убиен како борец на Исламска држава

Видео: Најпознатиот германски рапер убиен како борец на Исламска држава

Најпознатиот Германец припадник на терористичката организација Исламска држава (ИД), раперот Денис Касперт, познат под неговото уметничко име Десо Дог, е убиен во ирачкиот град Мосул, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според фотографија објавена од сириски новинар на Твитер, Десо Дог бил убиен при воздушен напад на западната коалиција. Досега имаше неколку информации за смртта на познатиот рапер, но сега за првпат неговат смрт да биде е потврдена со фотографија на која е прикажано неговото безживотно тело. На фотографијата, според германските медиуми, се цитираат стихови од Куранот посветени на жртвите на исламскиот џихадизам.
raper-isisДесо Дог до 2012 година во Германија бил дел од раководството на забранетата организација Милату Ибрахим, по што заминал во редовите на ИД во Ирак. Во 2015 година Десо Дог беше прогласен за мртов од страна на Пентагон, според чии информации германскиот терорист загинал близу сирискиот град Табка, кога во авионски напад на американските сили било уништено возилото во кое се ноѓал.

Последна информација за Десо Дог беше објавена во април оваа година, кога одделот за пропаганда на ИД емитуваше џихадистичка песна на раперот на германски јазик, во која се говори за руската интервенција во Сирија што започна во сепмтември 2015 година.

Десо Дог е еден од најактивните регрутери на ИД во Германија. Досега над 800 германски државајни биле дел од радикални исламски воени структури во Ирак, Сирија и Сомалија, Над 120 од нив веќе се вратени во земјата.