Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Исламска држава“ собори ирачки хеликоптер над Мосул

„Исламска држава“ собори ирачки хеликоптер над Мосул

Ирачката воена команда соопшти дека терористите од „Исламска држава“ срушиле хеликоптер на ирачката авијација западно од Мосул, пренесе РИА Новости.

Претставникот на ирачките вооружени сили, генерал-мајор Јахја Расул посочи дека хеликоптерот ја прикривал операцијата на шиитските милиции кои ослободувале село кое се наоѓало под контрола на терористите. Пилотот на леталото успеал да се катапултира и да остане жив.
Во моментов ирачката воена и меѓународната коалиција предводена од САД, спроведува операција за ослободувањето на Мосул. Во март тие соопштија дека ги опколија целосно терористите во градот и ја прекинаа нивната врска со територијата на Сирија.