Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсено едно лице за нападот во Манчестер

Уапсено едно лице за нападот во Манчестер

Полицијата во Манчестер уапси 23-годишен маж во јужниот дел на градот поради сомневање дека е поврзан со нападот во кој беа убиени најмалку 22 лица.

Претходно британската премиерка Тереза Меј изјави дека безбедносните служби го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец.

Таа додаде дека властите се уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот. Според нејзините зборови, напаѓачот сам го извел нападот, но се уште не е јасно дали некој му помогнал во подготовките.

Одговорноста за нападот ја презема Исламска држава.