Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Хаос низ Франција – солзавци и шок бомби, неколкумина повредени

Видео: Хаос низ Франција – солзавци и шок бомби, неколкумина повредени

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на француски градови во серија протести против реформите на трудот. Во судирите на полицијата и демонстранти беа повредени повеќе луѓе. Конфликти избувнаa во Париз, Нант и Рен, објави АФП.

Демонстрантите сметаат дека реформата на трудот, кои ќе им олеснат на компаниите да отпуштаат вработени и притоа се загрозуваат правата на работниците и затоа излегле на протести низ целата земја. Од Париз преку Лил во северниот дел на Франција, во Стразбур и Тулуз, во 200 градови организира протести, соопшти АФП.

Во Рено, полицијата користела гранати со солзавец и шок бомби против демонстрантите. Повредени се тројца припадници на силите за безбедност, а според непотврдени информации и 19 демонстранти. Во Нант демонстрантите подигнале барикади и фрлале шишиња, камења и јајца, а полицијата одговорила со солзавец и шок бомби.