Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Граѓани ја спречија инспекцијата да ги сруши гаражите на Водно

Видео: Граѓани ја спречија инспекцијата да ги сруши гаражите на Водно

Граѓаните утрово успеаа да ја спечат градежната механизација да руши гаражи на улицата Питу Гули, за да се отвори пат за градба на плацот на Водно. По скандирањата на граѓаните, градежната инспекција се повлече.

Ова е втор пат како граѓаните со протест го бранат овој дел од Водно, меѓу нив е и бизнисменот Ристо Гуштеров, кој е сопственик на една од гаражите. На 2 јули, бизнисменот заедно со соседите издејствува времено стопирање на планот на Управната градежна инспекција.

Планот е да се срамнат четири гаражи за да се пробие пат до парцели со површина од околу 2.000 квадратни метри. Скандалот со градежните активности на Водно беше споменат и во политичките „бомби“ на опозицијата. Според Зоран Заев аудио снимките говорат дека планот за градење на Водно е на висок владин фунционер.

видео:А1он