Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСопартијците до Заев: Биди државник, а не политичар!

Сопартијците до Заев: Биди државник, а не политичар!

Сопартијците и гостите на 22 Конгрес на СДСМ му упатија конкретна порака на Заев, кој е единствениот кандидат за претседател на партијата и мандатар за состав на новата Влада. Биди државник, а не политичар – му порачаа тие во своите обраќања, бидејќи според нив, само така народот ќе биде сигурен дека Заев се залага за иднината на својот народ.

Тој пак вети дека идната Влада ќе работи на градење на постабилно општество во кое ќе има живот за граѓаните, а не на рушење на веќепостоечкото.

„Ветувам дека нема да се повтори злото што го направи ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните. Ќе овозможиме еднаква шанса во Владата и за општеството. Не е лесно да се стапне на руина. Свесен сум за економските тешкотии, демократските состојби, изолацијата на земјава. Ќе изградиме општество на можности“ – вети Заев.