Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВИДЕО: Акција на српската полиција против шверцерите на оружје!

ВИДЕО: Акција на српската полиција против шверцерите на оружје!

Српската полиција пред два дена во градот Нови Сад имала акција во која биле запленети поголемо количество експлозив и оружје и со тоа пресекле синџир за шверц на оружје. Во акцијата биле уапсени двајца мажи на кои им бил одреден 48-часовен притвор, јавуваат српските медиуми…

Пронајдени биле околу три килограми пластичен експлозив со голема разорна моќ, два детонатори, девет рачни бомби, три автоматски пушки, два митралези и 160 куршуми со калибар 7,62.

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави дека со оваа акција бил пресечен голем синџир за шверц на оружје кон Франција.

„Бидејќи како регион од 1990-тите години сме изложени на големо количество оружје и муниција кои нелегално се користат, мислам дека ова е една важна порака до граѓаните да се ослободат од таквото оружје, меѓу другото и затоа што се предвидени високи затворски казни“, изјави српскиот министер.