Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео 18+: Напаѓачот е млад германец со иранско потекло, пукал и во деца

Видео 18+: Напаѓачот е млад германец со иранско потекло, пукал и во деца

Германската полиција излезе со официјални информации за вчерашниот напад во трговскиот центар Олимпија во Минхен. Станува збор за еден напаѓач кој по одредено време се самоубил.

minhen civili

Тој имал 18 години и е германец со иранско потекло, а живеел во Минхен. На социјалните мрежи и светските медиуми панично се ширеа информации дека полицијата трага по тројца вооружени и дека престрелки имало и во метрото, но засега тие наводи се негирани.

minhen specijalci

Во нападот има 10 жртви. Според сведоштва на жена за CNN таа прва го забележала напаѓачот како вади оружје и дека нишанел кон деца како главна мета иако пукал во се што се движи.

policija minhen

За мотивите на напаѓачот рано е да се шпекулира бидејќи се одвива истрагата, но се претпоставува дека момчето било отуѓено и без конкретна поврзаност со одредена идеологија или терористичка организација.

Ве предупредуваме да не го погледнете видеото од самото пукање доколку немате над 18 години, како и за лица кои се со ризични заболувања.