Friday, Apr 26, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавВербална „војна“ меѓу ДУИ и БЕСА – Кој бил евакуиран и кој бил заглавен во Собрание?

Вербална „војна“ меѓу ДУИ и БЕСА – Кој бил евакуиран и кој бил заглавен во Собрание?

ДУИ и БЕСА два дена водат вербална војна која е изразена пред се на порталите на албански јазик во Македонија, а дел од овие натписи се „протнаа“ и на порталите на македонски. Сепак, сосема е јасно дека претставници на двете партии не можат да се воздржат од меѓусебните кошкања што доаѓа по одбивањето на БЕСА да го поддржи Талат Џафери како кандидат на ДУИ, без оглед што станува збор за првиот Албанец во историјата на Македонија кој ќе биде претседател на Собранието.

pratenici besa sobranie evakuacija

Еден портал објави видео во кое пратеничката група на БЕСА излегува од спореден влез на Собранието неколку мигови пред гневната толпа да навлезе во зграда, а при евакуацијата им асистираат и полицајци меѓу кои и припадници на специјалните единици. Секако, тука се јавија бројни теории на заговор но, наједноставното објаснување е дека пратениците на БЕСА не присуствуваа на гласањето за нов собраниски спикер, па можеби и затоа порано ја напуштија зградата.

sobranie4

Други албански портали пак, објавија секвенци од видеа на кои се гледа како пак, пратеници на ДУИ поминуваат покрај гневните напаѓачи кои не им прават ништо, а во исто време со цела сила удрија врз пратениците на СДСМ како и врз Зијадин Села од Алијанса за Албанците кој потоа заврши и со најтешки телесни повреди. Меѓу заглавените пратеници секако, имаше Албанци, вклучувајќи го и новиот спикер Талат Џафери, но тие поминаа без посериозни телесни повреди.  Секако имаше и сведочења дека Артан Груби им помогал на Локвенец и Богоев при нападите, а исто така други пратеници на ДУИ ги спасувале колегите од СДСМ.

Ваквото кошкање го опомена пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири кој вели дека ова личи на говор за изборна кампања и дека сега не е време за меѓусебни кошкања меѓу „браќата“ туку дека поважно е да се сруши фашистичко-терористичкиот режим на Никола Груевски.