Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Касами и пратениците на БЕСА ги евакуираа пред упадот во Собрание

Видео: Касами и пратениците на БЕСА ги евакуираа пред упадот во Собрание

Порталот ТетоваСот објави видео на кое се гледа како лидерот на БЕСА Билал Касами е евакуиран од страна на полицијата и со нивна придружба на еден од споредните излези на Собранието на Република Македонија го напушта просторот неколку моменти пред гневните демонстранти и маскираните напаѓачи да упаднат.

БЕСА не гласаше за изборот на Талат Џафери како нов претседател на Собранието на Република Македонија. Зошто пратениците на БЕСА порано излегоа од Собранието, дали имале информации дека ќе биде извршен брутален напад врз пратениците или пак едноставно го искористиле моментот за порано да излезат, може само да се шпекулира во овој момент.