Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВелосипедистите со протест побараа враќање на улиците

Велосипедистите со протест побараа враќање на улиците

Велосипедистите излегоа на мирен протест чија главна порака беше градските власти да направат напори да им се врати безбедноста на улиците, по големиот број на сообраќајни несреќи со фатални последици. За жал лошата сообраќајна култура одзеде повеќе животи на велосипедисти, но и пешаци и треба како општество да се постават клучните прашање во што е проблемот.

velosipedi protesti2

Некои ќе речат дека треба постојано да се казнуваат возачите што се спроведува постојано, но револтот кај многумина е присустен и се вози хазардерски и без пардон. Од град Скопје повикаа несреќите да не се користат во политички цели и тоа е сосема оправдано бидејќи поединечната вина и ниската колективна свест не е дело на било кој градоначалник, туку е сеопфатен проблем кој ги засегнува сите.