Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВелешани рушат рекорди со најголемата пастрмајлија

Велешани рушат рекорди со најголемата пастрмајлија

Во екот на манифестацијата „Велешка пастрмајлијада“ вештите мајстори ја направија најголемата пастрмајлија со големина од дури 3.5 метри, 22 килограми тесто, 21 килограм свинско месо, пастрма и 200 јајца. Рекордот го поставија мајсторите од пекарата „Којник“. Велешани се многу горди на својата традиција и со своите рецепти сакаат да ја надминат конкуренцијата во правење пастрмајлија од Штип и Кратово.

pastrmajlija rekord

Во минатото во Велес била силно развиена кожарската индустрија и вишокот на месо се посолувал за да остане подолго време за јадење за семејствата. Употребата на овча пастрма и богатото тесто ги издвојува од останатите па, посетителите имаа можност да уживаат во вкусните јадења.