Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Убавицата и Ѕверот“ рушат рекорди, за викенд заработија 170 милиони долари!

„Убавицата и Ѕверот“ рушат рекорди, за викенд заработија 170 милиони долари!

Филмската компанија на Дизни “Убавицата и ѕверот” во текот на првиот викенд заработи 170 милиони долари. Дизни уште еднаш покажа дека публиката сака на екранот да ги види најдобрите анимирани класици како што се филмот “Убавицата и ѕверот”, која го собори рекордот за време на прикажување од еден викенд, заработи 170 милиони долари, соопшти компанијата.

Многумина се прашуваа колку од овој филм припаѓаат на главната актерка Еми Вотсон. Во нејзиниот договор се наведува дека ако филмот достигне огромна популарност по благајните ширум светот, хонорарот на Вотсон ќе достигне до 15 милиони долари.

Филмот “Бетмен против Супермен“ минатата година заработи 166 милиони долари, за прикажување од еден викенд. Овој филм на Дизни го надмина тоа и го сруши рекордот.