Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВелбек девет месеци надвор од терените

Велбек девет месеци надвор од терените

Напаѓачот на Арсенал и репрезентативецот на селекцијата на Англија Дани Велбек ќе отсуствува девет месеци од терените поради операција на коленото, соопшти клубот од Лондон. Англискиот напаѓач заработи повреда на натпреварот против Манчестер Сити, а после прегледот беше утврдено дека мора да оди на операција на коленото.

Велбек така ќе го пропушти и предстоечкото Европско првенство во Франција. Откако во февруари се врати на терените после пауза поради повреда на левото колено, која ја заработи во мај минатата година, Велбек постигна девет погодоци, но малерозниот фудбалер повторно се повреди и го очекува долга пауза.