Tuesday, Feb 25, 2020
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗлатан успешно опериран во Америка

Златан успешно опериран во Америка

ibra-1000x555

Златан Ибрахимовиќ ги оперираше предните лигаменти на коленото кој неодамна ги скина на натпреварот во четврт-финалето од Лига Европа против Андерлехт.

Неговиот агент Мино Рајола потврди дека операцијата поминала добро и дека очекува целосно Златан да се врати на фудбалот.

Веднаш почнаа да шпекулираат, како дошол крајот на кариерата на познатиот шведски играч, имајќи предвид дека тој има 36 години.

Сепак, Златан вели дека ќе се врати посилен, што ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед. Ибрахимовиќ, како и лекари кои работеле на операцијата, нема да даваат никакви информации кога станува збор за опоравување од повредата.