Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТифа итно мора на операција!

Тифа итно мора на операција!

Музичарот Младен Војчиќ Тифа веќе некое време има здравствени проблеми, поради кои мора итно да биде опериран.

Пејачот, кој е на турнеја со “Бјело Дугме“ групата што го направи познат, не ги криеше проблемите од јавноста за неговото здравје.

“Долго време чувствувам болка во десниот колк, кои понекогаш се неподносливи. Морам да се ослободи од нив. Лекарите ми предлагат поставување на вештачки колк поради тоа што тоа тие ме уверуваат дека тоа било најдобро решение“. изјви Тифа за Дневни аваз.

Операцијата е закажана за 10 април, открива Тифа, но не е сигурен дали ќе стигне поради концертот во Скопје.

“Се надевам дека се ќе помине без проблеми и компликации. По операцијата ќе ми треба време да закрепнам”, вели пејачот.